Школки во сос од бело вино

Од:

За сите љубители на морска храна …

Потребно е:
2-2,5 кг свежи школки со оклоп
2 средно големи главици кромид
4 чешниња лук
2 моркови
3 лажици путер
6 лажици маслиново масло
2 ловорови листови
1/2 лажиче бибер
2 чаши бело суво вино
4-5 лажици ситно сецкан свеж магдонос

Подготовка:
– Школките исчистете ги и убаво измијте ги.

– Кромидот исецкајте го на тенки ленти, а лукот исецкајте го на тркалца. Морковите излупете ги и исецкајте ги на малки коцки.

– Во едно големо тенџере ставете го путерот и маслото и ставете го на рингла да се загрее. На загреаното масло ставете ги кромидот, лукот и морковите и пропржете ги.

– Листовите ловор ситно издробете ги и заедно со биберот додадете ги во тенџерето. Кратко пропржете па додадете го белото вино.

– Кога ќе почне да врие додадете ги исчистените школки, посипете со сецкан магдонос, поклопете и оставете да се вари 5-10 минути, односно додека не се отворат школките. Неотворените школки тргнете ги.

– Школките посипете ги со малку маслиново масло и зачинете со бибер.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска