Оваа лесна кремаста торта сигурно ќе им се допадне на вашите деца …
Потребно е:
за кората:
7 белки
7 лажици шеќер
6 лажици брашно
1/2 прашок за пециво
за филот:
7 жолчки
400 гр шеќер
3 кесички пудинг од ванила
1 л млеко
1 маргарин
200 гр чоколадо за готвење
200 гр шлаг (во прав)
200 гр шеќер во прав
200 мл ладна газирана минерална вода
Подготовка:
– Белките изматете ги со 7 лажици шеќер. Потоа во тоа додадете 6 лажици брашно и пола прашок за пециво и изматете убаво.
– Смесата сипете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени. Проверете со чепкалка за заби дали е печена кората.
– Печената кора избодете ја со вилушка на повеќе места и посипете ја со млако млеко.
– Преминете на подготовка на филот. Во еден сад изматете ги жолчките со 400 гр шеќер и 3 пудинзи од ванила.
– Во сад на рингла ставете 1 л млеко да се вари. Во млекото додадете ја горната смеса и со постојано мешање варете додека да се згусне. Садот тргнете го на страна и оставете ја смесата да се излади.
– Во изладената смеса додадете 1 изматен маргарин.
– Филот поделете го на два дела. Во првиот дел додадете 200 гр истопено чоколадо и измешајте убаво за да добиете хомогена смеса.
– На кората нанесете наизменично со лажица прво од светлиот па од темниот фил (една лента светол, една лента темен фил).
– Подгответе го шлагот. Прашокот за шлаг изматете го со шеќер во прав и ладна газирана минерална вода.
– Шлагот нанесете го на тортата врз филот.
– Пред да ја послужите тортата убаво изладете ја во фрижидер.