Кампања на ЕВН Македонија за подигнување на читачката култура кај младите

Од:

Нова читалница како продолжение на проектот за поддршка на македонската литература и творештво и поттикнување на читачките навики отвори ЕВН Македонија во НУ Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола.

Еднаш неделно во читалницата која ја отвори ЕВН Македонија, ќе се одвиваат едукативни работилници за млади на возраст од 6 до 14 години, кои ќе ги спроведува Асоцијацијата „Паблик“ во соработка со Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола. Работилниците ќе ги посетуваат групи ученици од основните училишта „Коле Канински“, „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Климент Охридски“.

– Оваа современа читалница е трета по ред која ја отвораме во земјава во рамки на кампањата за подигнување на читачката култура кај младата публика. Кампањата која ја креираме и спроведуваме со нашите партнери има цел преку неконвенционални методи да им се доближи книгата на учениците, но, притоа да се тргне и од нивните индивидуални потреби и афинитети. Или едноставно да читаат зошто сакаат, а не затоа што мораат, рече портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачевски.

Анета Ристеска, едукатор и координатор на едукативните работилници истакна дека развивање позитивен став кон книгите и подобрување на читачките навики на младите се главните очекувања кои треба да произлезат од овие работилници.

– Истите ќе се темелат на спектар креативни методи и техники на работа, кои ги ослободуваат учениците од оценување. Во мисијата младите повеќе да ја засакаат книгата веруваме дека ќе помогне и мотивирачкиот амбиент каде ќе се одржуваат овие средби, кој, пред сѐ е пријателски поставен кон учениците и нивните потреби, рече Ристеска.

Благодарност до ЕВН за поддршката и задоволство од отворањето на новата читалница, токму во просторијата која ја користи и Австриската библиотека, изрази раководителката на австриската библотека и почесниот конзул на Република Австрија, Валентина Илиева.

За едукаторот Весела Богдановиќ, една од 50-те најдобри наставници во светот, пишувањето и читањето кај младата публика неопходно е да се комбинираат со методи кои подразбираат креативност и играта, со што би се постигнале поголеми резултати.

Би можело да ве интересира

Антолог: 22 дела во вториот круг за наградата „ДРАГИ“ 2024

МОН за доцнењето од три месеци: Авторите немаа интерес да достават предлог учебници

A1on

Десет книги за античката филозофија од академик Витомир Митевски

Излезе петтиот број од книжевното списание „Книжевни елементи“

А1он

Во сите книжарници „Литература.мк“ се слават денови на литературата, овој пат со попусти до 70 отсто

Жарко Настоски

Објавена книгата „Хотел со големо Л“ од Шурд Кајпер

А1он