Кикирики ганаш коцки

Од:

Кај овие колачиња доминантен е вкусот на чоколадото и кикириките …

Потребно е:
400 гр мелени плазма бисквити
200 гр путер
100 гр шеќер
60 гр мед
100 мл млеко

150 мл карамел прелив
200 гр печени, излупени, несолени кикирики

за ганаш чоколадниот крем:
400 мл слатка павлака
400 гр чоколадо за готвење
1 лажица мед
1 лажиче екстракт од ванила

Подготовка:
– Мелените бисквити ставете ги во еден подлабок сад.

– Во сад на рингла на тивко ставете ги путерот, медот и млекото и оставете да се растопат. Измешајте за да се соединат сите состојки. Врелата смеса сипете ја над бисквитите и измешајте.

– Тава или чинија за сервирање со димензии 22х22 см премачкајте ги со масло. Сипете ја горната смеса у убаво рамномерно распоредете ја, т.е. формирајте кора.

– Преку кората распоредете ги кикириките (не ги сецкајте).

– Над кикириките нанесете го карамел преливот.

– Преминете на подготовка на ганаш чоколадниот крем. Во сад на рингла сипете ги слатката павлака, медот и екстрактот од ванила и загревајте ги до вриење. Со оваа смеса прелијте го искршеното чоколадо и постојано мешајте додека да се растопи.. Потоа изматете ја оваа смеса со миксер.

– Ганаш чоколадниот крем прелијте го преку карамел преливот.

– Колачот оставете го да се излади на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер. Исечете го на коцки по желба и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска