Курдски сили ја презедоа вчера воената база во сириската провинција Рака, која беше под контрола на „Исламска држава“, изјави портпарол на курдските сили.
– Тие се победени, рече Редур Кселил. Џихадистите ја држеа базата Лиуа-93, откако минатото лето ја презедоа.
Пред околу една седмица, Курдските сили за самоодбрана ја протераа „Исламска држава“ од стратешки важниот сириски град Тел Абијад, што се наоѓа на границата со Турција на сто километри северно од градот Рака, што е во рацете на екстремистите.
Од почетокот на јуни, курдските сили почнаа офанзива против позиции на ИД во провинцијата Рака.