Солисти на Македонската опера и балет ќе настапат на концертот на сцени и арии од операта „Кармен” од Жорж Бизе, што ќе се одржи вечер во Кнежевиот дворец во Дубровник, во рамки на фестивалот „Дубровнички летни игри 2015”.
Солистичка екипа на МОБ ќе настапи во сите солистички рољи: Ирена Кавкалевска-мецосопран (Кармен); Зоран Сотиров-тенор (Дон Хозе), Сандра Митровска-сопран (Микаела); Марјан Јованоски-баритон (Ескамилјо), Катерина Стојановска-сопран (Фраскита); Марика Поповиќ-мецосопран (Мерцедес), Дејан Стоев-тенор (Ремендадо) и Драган Ампов-баритон (Данкаиро).
Солистите ќе ги придружува Дубровничкиот симфониски оркестар, а диригент е Томислав Фаќини.