Грчката крајбрежна стража спасила повеќе од 1.000 мигранти во источниот дела на Егејското Море во последните четири дена, соопштија денеска грчките власти.
Во соопштението се наведува дека од петокот наутро до денеска се спасени 1.161 лице во 37 спасувачки акции во близина на островите Самотраки, Лезбос, Хиос, Самос, Агатониси и Фармакониси.
Грција од почетокот на годинава се соочува со криза поради масовен прилив на имигранти, повеќе од 55.000 луѓе, главно од Сирија, кои пристигнуваат до грчките острови од турскиот брег.