ВМРО-НП:Преродбениците од ДПМНЕ и по шест години не можат да ја препородат Струга

Од:

ВМРО-НП од Струга реагира на катастрофалната состојба со базенот во Струга.

„Зборовите на пратеничката од Струга, г-ѓа Лилјана Затуроска (ВМРО-ДПМНЕ) дека „проектот наскоро ќе се реализира, а затворениот пливачки базен повторно ќе биде ставен во функција“ искажани во Јуни, 2011 година останаа празни зборови, кои како што минува времето го откриваат лицемерниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон Струга“, велат од ВМРО-НП.

Покажуваат слики   каков е базенот сега (после три последователни изборни ветувања на ВМРО-ДПМНЕ) и каков беше во времето кога владата на г-дин Љубчо Георгиевски беше на власт и вистински се грижеше и го оддржуваше истиот тој базен.

Базенот во времето на Никола Груевски

Базенот во времето на Љубчо Георгиевски

Од изборите во 2006 година, преку изборите во 2008 и 2009 година, па се до последните избори во 2011 година, велат, базенот во Струга е главно ветување и неизбежна ставка во нивните програми за преродба и манифести и тоа со секои избори се поместува временската рамка за негово реализирање.

„Нема да не зачуди ако и овојпат по четврти пат влезе во нивната изборна програма и лажни ветувања.Стружани сеуште ги паметат младите на ВМРО-ДПМНЕ кога се сликаа покрај базенот пред изборите во 2006 пред камери (тогаш кога и опозицијата имаше право да излезе пред тв камери а телевизијата да не биде затворена), барајќи тогашната власт да го спречи неговото пропаѓање и јасно тврдеа дека тие веднаш штом дојдат на власт ќе го обноват базенот, само што очигледно мерењето на времето и сфаќањето на тоа веднаш не е исто со постоечкото и општоприфатено мерење на времето“, укажува ВМРО-НП.

ОК на ВМРО-НП Струга   прашаува:

–       Зошто повеќе од 7 години не се рашава проблемот со базенот и истиот се остава да се распаѓа?

–       Дали и на кое лице од нивниот коалицион партнер ДУИ му го „местат“ имотот на кој се наоѓа базенот?

–       Дали пратеничката Лилјана Затуроска има нешто друго да им понуди на стружани освен празни ветувања за базенот и сметките за патни трошоци кои ги прави за нејзините, по се изгледа туристички посети на Собранието на РМ во Скопје.

-Дали функционерите од ДПМНЕ знаат што зборуваат и што им ветуваат на стружани или мислат дека стружани се како рибите во езерото и имаат меморија од само 5 секунди, па ќе заборават се што им се ветувало претходно?

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска