Столици, маси, чинии, се е од картон во ресторан во Тајван

Од:

Во Креативниот парк Картон Кинг во градот Тајчунг,  во Тајван, отворен е ресторан, каков што нема никаде  во светот.

Во него, столиците, масите, чиниите, декорацијата, се е од картон. Доколку нешто уништите, не морате дополнително да плаќате, се е можно да се рециклира и да се поправи.

Иако столиците и масите од картон изгледаат нестабилно, управата на ресторанот тврди дека целиот инвентар е стабилен и дека може да се седи на картонскиот мебел.

Доколку  пак некој не им верува и се плаши, ќе ве увери готвачот, кој ни помалку ни повеќе тежи 100 килограми. Тој со личен пример демонстрира дека столиците се издржливи, така што тој седнува на столиците, а некој од келнерите му седнува во крило.

Отворањето на ваков ресторан има за цел да промовира рециклирање, но и да се покаже дека со едноставни материјали може да се направи нешто убаво, корисно и ефикасно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голема тепачка на седницата на тајванскиот Парламент

Горан Наумовски

Земјотрес во Тајван со јачина од 5,8 степени

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Тајван: Ја повикуваме Кина да се соочи со реалноста