Еден убиен, деветмина повредени во пукотница во Детроит

Од:

Десет лица беа застрелани, од кои еден човек почина, откако непознат напаѓач отвори оган за време на забава на кошаркарско игралиште во Детроит, државата Мичиген, на која присуствувале околу 400 лица.

Електронскиот сајт „Детроит фри прес“ посочува дека еден од повредените е во критична здравствена состојба. Лицето што почина било на возраст од 21 година и бил погоден неколку пати.

Причината на пукотницата засега не е позната, соопшти полицијата, без да посочува детали. Не е познато ниту дали бил отворен оган од возило во движење или некој пришол кон младите кои се забавувале и почнал да пука.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас