Во организација на велосипедско-планинарскиот клуб Преспа Бајк денеска почнува велосипедската тура „Тур де Галичица“.
Се очекува на велосипедската тура, кој се одржува втора година, да учествуваат околу 350 велосипедисти од целата земја. Патеката е долга 71 км од кои 35 км ќе се возат по земјен пат.
Учесниците ќе имаат можност да се запознаат и да уживаат во прекрасните пејсажи на регионот, вклучувајќи ги и Националниот парк „Галичица“, Преспанското и Охридското Езеро.
Оваа година турата се организира со поддршка на Општина Ресен и УНДП, кои заеднички го спроведуваат Проектот за заштита на Преспанското Езеро.
Почетокот на турата ќе го означат градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски и постојаниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон.
Учесниците на турата ќе испратат заедничка порака за заштита на природните вредности на овој исклучително важен регион, изразувајќи ја својата поддршка на сите иницијативи за негово зачувување и одржлив развој.