Високиот комесаријат за бегалци на ОН соопшти по повод Светскиот ден на бегалците 20 јуни, дека моментално во Србија над 35.000 луѓе имаат статус на бегалци, а годинава околу 22.000 лица побарале азил во Србија, пренесува Танјуг.
Според Високиот комесаријат за бегалци на ОН во Србија како транзитна држава од година во година се зголемува бројот на баратели на азил од земјите зафатени со воени конфликти во Азија и Африка. Тој нагласи дека од почетокот на годината во Србија азил побарале 22.182 лица, од кои сместување во Центри за бегалци побарале само 5.770 лица.
Република Србија интензивно работи на подобрување на системот на давање на азил и негово синхронизирање со стандардните и законодавството на ЕУ, се наведува во соопштението на Комесаријатот за бегалци.