Колач со брусници и боровинки

Од:

Убав овошен колач …

Потребно е:
3 јајца
200 гр шеќер
200 мл масло
200 мл јогурт
1 лажиче екстракт од лимон
1 ванилин шеќер
150 гр меко брашно
200 гр остро брашно
1 прашок за пециво
300 гр смрзната мешавина на брусници и боровинки
шеќер во прав, за посипување

Подготовка:
– Јајцата пенесто изматете ги со шеќерот и потоа полека со постојано мешање додадете ги јогуртот, маслото, екстрактот од лимон и ванилиниот шеќер. На крај мешајки полека додадете ги брашната помешани со прашокот за пециво.

– Смесата сипете ја округла тава со дијаметар околу 28 см, намастена со масло и посипана со малку брашно. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 45 минути (најубаво е да проверите со чепкалака за заби дали е печено тестото).

– Одмрзнатото и исцедено овошје наредете го на тесто после 5-7 минути како ќе го ставите да се пече.

– Печениот колач оставете го да се излади , исечете го на парчиња, по желба и послужете го.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска