(ВИДЕО) Мисини: Заради тортурата и Обединетите нации бараат да се затвори Центарот во Гази Баба

Од:

Комитетот против тортура на Обединетите нации во својот извештај од мај бара веднаш да се преземат мерки за да се запрат нехуманите и деградирачки услови на притвор во центарот во Гази Баба – тој да се затвори и да се најдат други алтернативни решенија.

На овој извештај на ООН од 7 мај, денеска потсети аналитичарот и активист Суад Мисини кој веќе шест дена штрајкува со глад пред Собранието на РМ, а од вчера го радикализираше штрајкот па не пие ниту вода. Иако вчера беа изгласани измените во законот за азил, тој бара власта да спроведе итни мерки и да го затвори центарот во Гази Баба.

– Значи тоа го бара и Комитетот на ОН, не само јас и велат итно! – рече Мисини.

„Комитетот е загрижен заради што мигрантите се префрлаат и притвораат во Прифатниот центар за странци- Гази Баба, каде условите на притвор каде нехуманиот и деградирачки третман е во спртивност со Конвенцијата против тортура“, стои меѓу другото во извештајот на Комитетот против тортура на ОН, кој се однесува на Македонија.

– Оваа квалификација е многу серозна и треба да ги замисли властите и ова е уште еден обид да ги сензибилизираме за потребата итно да преземат мерки, овие луѓе да бида ослободени и евентуално да бидат соодветно третирани и сместени во соодветни места. Овие луѓе се во Центарот во правно нерегулирана ситуација и затоа уште од почетокот барав да им бидат стопирани постапките затоа што сите рокови за постапување се поминати, а и луѓе кои се во својство на сведоци се држат таму во заточеништво, вели Мисини.

11650791_10205715815507416_70445175_n
Она што недостасува сега е да се видат прецизни мерки, конкретен план и конкретни рокови кога и како ќе се реши судбината на овие луѓе. Комитетот нагласува дека овие луѓе не смеат да се држат во пртивор без рок, а според македонските закони, луѓето во Центарот кои се во својство на сведоци, не можат да бидат притворени таму.

– Нема да го прекинам штрајкот се додека властите не преземат итни мерки да се прекине голготата на луѓето што се заточени таму и доколку во текот на денешниот ден, македонската јавност не добие конкретен план како ќе се реши судбината на овие луѓе, продолжувам со мојот тотален штрајк и утре ќе ви се обратам со нова состојба од влезот на центарот во Гази Баба, рече Мисини.

Тој извести дека и Центарот за азиланти во Визбегово веќе се полни до максимални капацитети. Мисини вели дека се уште го издржува штрајкот со глад и жед и дека нема да попушти во своето барање да се затвори центарот во Гази Баба каде бегалците се држат во ужасни услови.

А.Б.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on