Експертски извештај на ЕУ: УБК работи надвор од законскиот мандат за да ги контролира функционерите

Од:

Експертскиот извештај на ЕУ нотира сериозни недостатоци во пет области: следење на комуникациите, судство и обвинителство, надворешниот надзор од независни тела, избори и медиуми. Во извештајот се наведува дека групата експерти испратени од ЕК се соочувала со оградување од одговорност и со обиди за задскривање зад надлежностите на други институции, како изговор за непостапување, наместо да се превземе одговорноста.

Во извештајот, кој А1он го доби од дипломатски извори се наведува дека снимките од прислушуваните разговори, според содржината упатуваат дека се направени во просториите на националната разузнавачка служба .

– Содржината на многу од снимките упатува на индикации на незаконски активности и злоупотреба на моќта од страна на вискои владини службеници. Причините за одолговлекувањето на скандалот во Република Македонија се во концентрацијата на моќта во националната безбедносна служба (УБК) и во злоупотребата на механизмот за надзор над УБК.

Според надворешен набљудувач, УБК работи надвор од својот законски мандат во име на власта за да ги контролира носителите на високи функции во јавната администрација, обвинителството, судиите и политичките противници како последица на што се вмешува во независноста на судството и другите национални инситуции, пишува во извештајот и се додава:

– Фамилијарната поврзаност помеѓу високо позиционирани политичари и носители на високи фунцкии во УБК, како и во Јавното обвинителство создаваат ризична средина за конфликт на интереси.

Во однос на надворешниот надзор се вели дека постои систем на парламентарен надзор во форма на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање, но никогаш не профункционира правилно.

– Членовите на комисијата не вршеа инспекции во УБК ниту пак прибираа статистики за следењата на комуникациите. Очигледно е дека комисијата ги нема потребните технички познавања за прибирање на податоци од апаратите на УБК или од телекомуникациските оператори со цел да ги спореди бројот на прислушкувања со бројот на издадени наредби од страна на судот, заради воочување на злоупотреба. Исто така комисијата е спречена да врши инспекции во УБК, имајќи предвид дека од вкупно 5 члена, секогаш постои еден или двајца членови кои немаат безбедносен сертификат за пристап до класифицирани информации како што се податоците за прислушкување, што е очигледен конфликт на интереси, со оглед што сертификатот го издава самата УБК, пишува во извештајот.

Судството и Јавното обвинителство се оценети како зависни од власта., односно дека постои перцепција дека во некои области и особено во поглед на случаите за кои се смета дека имаат политичка димензија или кои се предмет на интерес на политичарите, вообичаените стандарди се ставаат настрана.

Во извештајот пишува дека експертската група била известена од неколку страни дека постои атмосфера на притисок и недоверба во судството.

– Многу судии веруваат дека унапредувањето во рамките на судството е резервирано за оние чиишто одлуки го фаворизираат политичкиот естаблишмент.

Експертската група пишува и дека постои загриженост поради кривичните гонења кои произлегуваат од скандалот со прислушувањето, односно дека се селективни и се поврзани исклучиво со чиновите на создавање, стекнување, емитување и објавување на прислушкуваните разговори, но не и со многуте потенцијални кривични или на друг начин незаконскидела откриени во содржината на самите прислушкувани разговори.

За изборите се наведува за загриженост за несоодветното раздвојување помеѓу државата и партиските активности, обвинувања за заплашување на гласачите, непотполност на избирачкиот список, индиректна контрола на владејачката партија врз медиумите поради државната доминација во рекламниот маркетинг, неуспехот на медиумите да направат разлика помеѓу покривањето на државните функционери во нивните ангажмани како министри и кандидати.

– За претседателските избори беа регистрирани 1,779 572 гласачи и 1,780,128 за предвремените парламентарни изброи. Согласно со проценките на Државниот завод за статистика на Македонија вкупната популацијата е 2.065,769 луѓе (до крајот на 2013 година). ОБСЕ и претходно искажа загрижување од појавата за зголемување на Избирачкиот список споредено со вкупната популација, пишува во извештајот.

Според експертската група, составот на Државната изборна комисија, е исполитизиран и неспособна да делува независно и да ги избегне политичките влијанија од сите партии.

За народниот правобранител се бара поголема самостојност и независност од власта.

За медиумите се оценува дека работат во атмосфера на страв, дека приватните сопственици и рекламатори ризикуваат политичките сили да им се одмаздат ако не ги поддржат нивните агенди.

Групата била информирана дека “розовото светло” доминира во медиумите, во смисла заканите, недостигот на работни услови за новинарите и финансиската нестабилност за медиумските компании ги прави доверливи кон владините реклами и продуцираат амбиент на страв којшто го охрабрува самоцензурирањето. Во извештајот се изразува загриженост и “за селективното известување и недостигот на уредничка независност во Јавниот сервис“.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он