Колач со зашеќерени јагоди и капини

Од:

Како денешен десерт подгответе го овој вкусен чоколаден колач …

Потребно е:
350 гр јагоди и капини од слатко
70 гр чоколадо
80 гр растопен путер
50 гр кафеав шеќер
2 јајца
1 лажиче екстракт од ванила
100 гр брашно
1/2 лажиче сол
1 лажиче сода бикарбона

прелив од јагоди
шлаг во спреј

Подготовка:
– Округла тава со дијаметар од 28 см обложете ја со хартија за печење.

– Во еден сад на рингла на ниска температура растопете ги чоколадото и путерот и измешајте за да добиете хомогена смеса.

– Во горната изладена смеса додадете ги шеќерот, јајцата и екстрактот од ванила и убаво изматете со миксер.

– Измешајте го брашното со содата и солта и додадете го во горната смеса, измешајте. На крај додадете го слаткото од капини и јагоди и повторно измешајте.

– Смесата сипете ја во тавата и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени, 30-35 минути (најубаво да проверите со чепкалка за заби дали е печено).

– Печениот колач оставете го да се излади, исечете го на парчиња. На секое парче ставете од шлагот и преливот од јагоди и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска