Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско синоќа објави енциклика од 200 страници во форма на манифест, во кој се осудува егоизмот на најбогатите и се апелира за заштита на планетата Земја од глобалното затоплување и за помош на најсиромашните општествени слоеви.
– Потчинувањето на политиката на совремните технологии и на финансиите е доказ за неуспекот на глобалните самити посветени на климата, порачува Франциско во папското писмо.
Според него, жителите на Земјата не треба да дозволат нивниот заеднички дом да се претвори во гигантска депонија и треба да се залагаат за „социјална, економска и културна револуција“.
– Човештвото треба да осознае дека се неопходни проемни во начинот на живот, на производството и на потребите, за да можеме да се справиме со глобалното затоплување, наведува папата во енцикликата.
Тој наведува дека тие промени можат да започнат со што е можна поскора забрана на употребата на нееколшките горива, како што се јагленот и нафтата, кои треба да бидат заменети со обновливи енергетски извори.
Во осудата на потрошувачкото општество и егозимот на најбогатите, папата пртедупредува на опасност од избувнување на големи војни во иднина за контрола на ресурсите, пред се на водата.
– Може да се очекува контролата на водата од страна на големите светски компании да биде една од основните причини за конфликти во текот на овој век, предупредува папапта. оценувајќи дека исцрпувањето на некои ресурси може да доведе до нови војни и преселби.
Според понтифот, правото на приватна сопственост не е апсолутно и неприкосновено, кога се во прашање уништувањето на шумите во Амазонија или приватизацијата на водите во градските средини.