И претседателот на Република Македонија и неговиот кабинет биле прислушкувани. Ова го потврди лично претседателот Ѓорге Иванов во синоќешното интервју на Топ Тема на Телма.
Иванов вели дека и тој како и сите граѓани и функцонери кои се прислушувани се чувствува нелагодно кога знае дека личните и професионални комуникации се прислушкувани и можат да бидат злоупотребени.
Иванов не кажа од каде му се информациите дека е прислушкуван и дали е запознаен со содржината.
Според него, треба да се остави судот да го каже последниот збор. Во обвинителство постои истрага има судски случај и ќе веруваме на одлука донесена врз факти и аргументи, а не врз шпекулации, рече Иванов.