Од почетокот на годинава 185 илјади луѓе побарале азил во ЕУ. Половина од нив се Сиријци, Авганистанци и луѓе од Косово, се наведува во извештајот на Евростат претставен денеска во Брисел.
Таа бројка е 86 отсто повисока во споредба со 2014 година. Од почетокот на оваа година најмногу барање за азил поднеле луѓе од Косово (50 илјади). Повеќе од половина од бегалците од почетокот на 2015 година поднеле барања за азил во Германија (73.100) и Унгарија (32.800).
Бројот на поднесени апликации во Германија е за 32 отсто повисок отколку лани, а во Унгарија е повисок за 17 отсто.