Почна уривањето на куќите во „Тоде Мендол“

Од:

Почна уривањето на куќите во кумановската населба „Тоде Мендол“, кое се спроведува согласно акцискиот план на Владата за санација на оштетените куќи од 9 и 10 мај во акцијата за разбивање на вооружената терористичка група. Акцискиот план предвидува рушење на куќите и изнесување на градежниот шут.

– Согласно планот на терен се неколку машини, четири за рушење на куќите, додека за изнесување на шутот ангажирани се шест камиони. Од утрово на терен се машините за уривање на куќите, а граѓаните од оваа населба и од засегнатото подрачје очекуваат дека ќе бидат урнати 16 куќи. Собраниот шут се изнесува и се складира на депонијата „Краста“согласно акциониот план, потврди директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово, Сашо Петрушевски.

Денеска до 12 часот беа урнати четири куќи лоцирани на улиците „Перо Илиевски“ и на „Рушит Шаќир“.

Според акциониот план кој Владата го донесе непосредно по завршување на акцијата, меѓу другото беше предвидена и санација и расчистување на локацијата каде што се одвиваше акцијата, што подразбира и изнесување на градежниот шут за што се ангажирани машини од државните институции, односно од Дирекцијата за заштита и спасување.

Претходната недела започна целосната обнова на канализациската и водоводната мрежа на оваа улица. Граѓаните од населбата информираат дека наскоро очекуваат да ги добијат и средствата за штетите за кои Владата предвиде обештетување во висина од 100 отсто од проценетата штета на терен. Изразија благодарност за досегашната помош, првичната од Владата во износ од 100.000 денари, помош од општината, од невладините организации и граѓаните.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување