Потребно е:
100 гр чоколадо за готвење
125 гр путер
4 јајца
120 гр меко брашно
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
прстофат сол
250 гр неутрален намаз од сирење
160 гр шеќер
450 гр исчистени сливи
Подготовка:
– Во сад на рингла растопете ги чоколадото и путерот.
– Во садот додадете две јајца, брашно, прашок за пециво, сол и ванилин шеќер и убаво измешајте да добиете хомогена смеса.
– Во друг сад соединете ги јајцата, намазот од сирење и шеќерот. Убаво измешајте.
– Округол калап за печење со дијаметар од 28 см обложете го со хартија за печење. Сипете ја чоколадната смеса. Потоа распоредете го филот со намазот од сирење, а одозгора наредете ги сецканите сливи.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 50-тина минути.
– Печениот колач оставете го да се излади, исечете го на парчиња и послужете го. По желба посипете го со шеќер во прав.