Нека заигра лажицата на денешниот ручек …
Потребно е:
400 гр филети лосос
1 л зеленчукова супа
200 гр смрзнат грашок
200 гр смрзната пченка
2 средни компири
2 лажици маринирани капари
1 лажица путер
сол, мелен црн бибер
мелен сув зачин
свеж власец
Подготовка:
– Кромидот ситно исецкајте го и пропржете го во сад на рингла на растопен путер. Сипете ја претходно подготвената супа.
– Компирите исецкајте ги на коцки и ставете ги во садот. Додадете и сол и бибер, по вкус.
– Кога ќе почне да врие варете уште 15-тина минути и додадете ги пченката, грашокот и капарите. Поклопете го садот и варете 15-тина минути.
– Филетите лосос исецкајте ги на парчиња и додадете ги во супата. Варете ја супата уште 10-тина минути. Зачинете по вкус со смелен сув зачин.
– Послужете ја топла посипана со сецкан свеж власец.