Обединети за Македонија на денешниот состанок на своето Претседателство на партијата, како и досега на своите претходни состаноци и седници, ја разгледуваше политичката криза и кризата на институциите во Република Македонија.
„Членовите на Претседателството едногласно ја потврдија својата целосна и безрезервна подршка на сите досегашни и идни активности, на СДСМ, како коалиционен опозиционен партнер, во заедничките напори за формирање на преодна Влада, без Никола Груевски, како премиер во неа.
Обединети за Македонија ја потврдува својата улога за активен чинител во заедничката борба за ослободување на државата од политичките диктаторски стеги и враќање на демократијата, почитувањето на човековите права и слободи, како и ослободување на сите политички затвореници и неистомисленици, како и нашиот лидер Љубе Бошкоски“, се вели во соопштението на Обединети за Македонија.