Потребно е:
500 гр готови тенки кори за пита
700 гр исецкана свежа блитва
150 гр издробено козјо сирење
60 гр сецкан праз
2 јајца
сол
150 мл маслиново масло
Подготовка:
– Округла тава намастете ја со малку масло и на дното распоредите 4 кори, така што од секоја кора половина да излегува надвор од тавата.
– Потоа ставете две згужвани кори.
– Исецканата блитва посолете ја и убаво измешајте ја.
– Во посебен сад ставете го издробеното сирење, ситно сецканиот праз, јајцата и маслиновото масло. Убаво измешајте.
– Над корите ставете малку блитва, а потоа распоредете малку од филот. Потоа ставете 5 згужвани кори и повторно блитва, па од филот и така вкупно 4 пати. Одозгора прекријте со две кори и преклопете со половината од корите што висеа надвор од тавата.
– Питата печете ја во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 50 минути.