Малку понеобична пица …
Потребно е:
за тестото:
400 гр брашно
14 гр сув квасец
200 мл топла вода
4 лажици маслиново масло
1 лажиче сол
1 лажиче шеќер
за филот:
1 конзерва од 160 гр туна со пченка и црни маслинки
1 конзерва од 50 гр туна во маслиново масло со лути пиперчиња
2 лажици маслиново масло
200 гр домати пелати
2 млади кромидчиња
3 чешниња лук
1 лажиче провансалски зачин
сол, мелен црн бибер
мелена чили пиперка, во прав
2 лажичиња копар, во прав
мајчина душичка
пармезан
Подготовка:
– Во еден сад ставете го брашното и додадете ги сувиот квасец, сол, шеќер, масло и на крај водата и замесете, прво со миксер, а потоа со раце, меко и хомогено тесто.
– Од тестото формирајте топка. На тестото истурете 1 лажица маслиново масло и убаво намастете го од сите страни. Покријте го со пластична фолија и ставете го на топло место 40-45 минути да нарасне.
– Во сад на рингла загрејте 2 лажици маслиново масло, додадете ги сецканите домати, кромид и лук и пржете ги додека да омекнат, отприлика 5-6 минути. Потоа зачинете ги сол, бибер, чили во прав, мајчина душичка и со провансалскиот зачин. Садот тргнете го на страна и оставете го да се излади.
– Голема округла тава за пица со дијаметар од 45 см убаво намастете ја и ставете го тестото. Со раце полека раширете го тестото колку што е големината на тавата.
– На тестото нанесете го филот од домати, а потоа и туната од двете конзерви. Посипете со копар и рендан пармезан.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути.
– На испечената пица може да додадете сецкан магдонос, рукола, како и уште малку рендан пармезан.