Плазма торта со вишни и црни рибизли

Од:

Лесна овошна торта …

Потребно е:
300 гр плазма бисквити
500 мл слатка павлака
120 гр шлаг крем
200 гр кисела павлака
250 гр мелени плазма бисквити
150 гр шеќер во прав
500 гр мешавина од вишни и црни рибизли
350 мл млеко
млеко за потопување на бисквитите

Подготовка:
– Во еден подлабок сад сипете ги слатката павлака, шлагот, шеќерот во прав и 150 мл млеко. Убаво изматете со миксер додека да добиете густ шлаг.

– Додадете ја киселата павлака и уште малку изматете.

– Филот поделете го на два дела. Во едниот дел додадете ги мелените бисквити и измешајте за да се соединат сите состојки.

– Во чинија за сервирање наредете ги плазма бисквитите кои претходно сте ги потопиле во млеко. Бисквитите наредете ги во три реда.

– Над бисквитите ставете го филот со плазмата. Одогора наредете ги вишните и црните рибизли, а потоа премачкајте го другиот фил.

– Вака наредената овошна торта ставете ја во фрижидер и оставете ја убаво да се излади. Потоа исечете ја на парчиња и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска