Во Тајван во Креативниот парк Картон Кинг во градот Тајчунг, отворен е ресторан единствен во светот. Поточно, во тој угостителски објект се е изработено од картон.
Столиците, масите, чиниите, декорацијата – се е од картон. Доколку нешто уништите не морате дополнително да плаќате, се е можно да се рециклира и да се поправи.
Иако столиците и масите од картон изгледаат нестабилно, управата на ресторанот тврди дека целиот инвентар е стабилен и дека може да се седи на картонскиот мебел.
Доколку посетителите се сомневаат во нивните зборови и се плашат дека ќе паднат, готвачот со тежина 100 килограми веднаш им демонстрира дека столиците се издржливи, така што тој седнува на столиците, а некој од келнерите му седнува во крило.
Отворањето на ваков ресторан има за цел да промовира рециклирање, но и да се покаже дека со едноставни материјали може да се направи нешто убаво, корисно и ефикасно.