МЗТ Скопје победник во развојната лига

Од:

По шампионската титула во сениорска конкуренција, екипата на МЗТ Скопје Аеродром го освои трофејот и во кошаркарска лига до 20 години, позната како Развојна лига.

Аеродромци синоќа во салата „Македонски Херои“ во Скопје, во финалето го совладаа Вардар со 82:73.

Адем Мекиќ со 21 поен, 7 скокови и 3 украдени топки беше најдобар играч во победничкиот состав, каде се истакнаа и Љубомир Младеновски со 16 поени и 11 скокови, како и Андреј Цветковски кој постигна 20 поени.

Во тимот на Вардар најдобар беше Дејан Лазарески со 15 поени и 5 асистенции.

Како увертира на финалниот натпревар се одигра и средбата за третото место меѓу Карпош Соколи и Шкупи на кој славеа „соколите“ со 81:73.

Филип Бакоч беше најефикасен кај Соколи со 26 поени и 9 скокови и заедно со Андреј Атанасов (27 поени, 5 скокови, 4 асистенции) и Иван Сапунџиев (18 поени, 5 скокови) беа носители на победата.

Кај Шкупи, Емир Ештрефи беше повторно најефикасен со 28 поени и 12 скокови, а одличен меч одигра 16-годишниот Енис Реџеп, реализирајќи 21 поен со 2 асистенции.

Поголем дел од кошаркарите во овие четири веднаш почнуваат со подготовки за репрезентацијата на Македонија до 20 години, што летово ќе игра на Европско Првенство во Унгарија.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он