Паравоените формации на сириските Курди соопштија дека го презеле целиот град Тал Абијад, на границата со Турција, кој досега беше под контрола на групата Исламска држава (ИД).
– Градот сега е под целосна наша контрола, изјави портпарол на курдските сили по нивната брза офанзива, помогната од воздушните напади, извршени од меѓународната коалиција предводена од САД.
Најмалку 40 членови на ИД биле убиени при обид да избегаат од Тал Абијад, соопшти невладината организација Сириски центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон.
Тал Абијад беше стратешки важен за ИД, бидејќи е најблискиот пограничен град до, според групата, престолнината на „Исламскиот калифат“, Рака.