Пушењето цигари во автомобилите, па дури и со отворен прозорец и со вклучена вентилација, создава загадување кое е штетно по здравјето и ги преминува границите на безбедност, покажала новата шкотска студија.
Во истражувањето биле вклучени 85 автомобили во кои е мерено нивото на штетните материи во воздухот, а резултатите покажале дека е над границата која Светската здравствена организација ја смета за безбедна, пренесува Би-Би-Си.
Доколку детето седи на задното седиште во автомобилот во кој возачот или совозачот конзумираат цигари, тоа е подеднакво загрозено и изложено на пасивно пушење.
Студијата покажала дека децата се изожени посебно на опасност, бидејќи дишат побрзо и имаат слабо развиен имунолошки систем, поради што тешко ги избегнуваат негативните последици од пасивното пушење, вели др. Шон Семпл од Универзитетот во Шкотска.
Дури и ако возачот пуши по една цигара со отворен прозор, нивото на штетни честички и понатаму ја преминува дозволената граница.
Ваквата забрана би ги допрела повеќето поединци , бидејќи авомобилот го сметаат за сопствена приватност. Забраната така би влегла во „лизгава“ област на човековите права и тоа на штета на пушачите.