Сириски Курди го пресекоа клучниот пат на ИД кон градот Рака

Од:

Силите на сириските Курди го пресекоа денеска клучниот пат за снабдување што го поврзува клучниот град Тал Абјад со бастионот на „Исламската држава“ Рака, соопшти командантот на курдските сили.

– Единиците на курдските сили YPG го пресекоа патот кон југот од Тал Абјад, што лежи на сириско-турската граница. Тал Абјад е целосно опколен. Сега Даешите нема каде да побегнат, рече командантот Хусеин Хоџер, употребувајќи го арапскиот назив за припадниците на Исламска држава.

Хоџер додаде дека курдските борци, кои ги поддржале сириските бунтовнички групи, напредувале кон стратешкиот град од два фронта, исток и запад.

Хоџер рече и дека курдските сили од воздух ги поддржала коалицијата предводена од САД.

Би можело да ве интересира

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Ројтерс: Американски војници се повредени во напад со беспилотно летало во Сирија

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он