Заев: Повлекување на Груевски најмалку шест месеци пред избори

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на средбата со министерот за надворешни работи на Р.Бугарија, Даниел Митов, разговараа за актулната криза во Македонија и за односите помеѓу двете земји.

Теми на разговорите беа актуелната политичка криза во државава и односите помеѓу Р.Македонија и Р.Бугарија.

Sredba2

-Се обидуваме низ разговори за создадеме услови за преговори што ќе доведат по мирен пат до решенија на длабоката политичка криза во Македонија. Во интерес на евро-перспективите на граѓаните и на државата, потребно е, за краток временски период, разговорите да резултираат со договор за повлекување на Груевски од премиерската позиција, најмалку 6 месеци пред формирањето на Владата што треба да ги организира и спроведе изборите, како што налагаат елементарните услови за фер и демократски избори, рече претседателот Заев.

На средбата беа позитивно оценети активностите на опозицијата и на надпартиската коалиција Граѓаните за Македонија, во духот на европските вредности.

Sredba3

Претседателот Заев и министерот за надворешни работи на Бугарија, Митов разменија мислења во насока на зајакнување на добрососедските односи помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, што би било од интерес за граѓаните на двете земји.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни