Шилегов: СДСМ инсистира на избори коишто ќе ги организира преодна влада

Од:

На вечерашниот Извршен одбор што ќе биде тема?

Станува збор за редовна седница на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот Сојуз којашто се одржува најмалку два пати во месецот. Така што, тема ќе бидат тековните активности, како и брифирање на членовите на Извршниот одбор за процесот и текот на политичките разговори.

Добивте поддршка од вашите колаициони партнери и од невладиниот сектор. Кои се следните чекори?

Во текот на вчерашниот ден кажавме дека во блискиот период којшто следи, многу кратко време ќе дадеме шанса на разговорите. Какви и да бидат понатамошните чекори ќе бидете навремено известени.

Кога може да се очекува тоа што е веќе најавено и ветено за објавување на тие бомби кишто ги засегаат албанските граѓани? Бидејќи имавме и сеграѓански протест на Албанците во Македонија коишто јасно и јавно го побараа тоа, бомбите за албанските партии и за Монструм да се објават.

Проблемите коишто Социјалдемократскиот сојуз ги изнесе во проектот Вистината за Македонија, се граѓански проблеми и не се национални проблеми на ниту една групација од граѓаните. Граѓаните Албанци, исто толку ги засегаат украдените народни пари, или буџетски пари, коишто и тие треба преку даноци да ги плаќаат. Она што Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија им го вети на граѓаните на Република Македонија ќе го оствари. Не заради нечија етничка припадност, туку заради тоа што ние на сите граѓани, без оглед на етничката припадност, ја должиме таа вистина.

За колку време да ги очекуваме бомбите за Монструм?

Во блиска иднина.

А, воопшто другите, кога ќе продолжат?

Продолжуваме со редовните активности. Кажавме веќе, имате дел од најавите, Социјалдемократскиот Сојуз ќе продолжи со редовните активности. За времето на одржувањето на прес конференциите благовремено ќе бидете известени.

Дали договорот од 2 јуни не важи?

Кажавме дека ќе дадеме уште мал временски период шанса на политичкиот дијалог во оваа форма и во овој облик. Очигледно е дека дел од тие одредби во целост не се испочитувани. Основниот услов да поднесе оставка Никола Груевски и да биде формирана техничка влада којашто ќе ја води државата во транзицискиот период, не е исполнет.

 Вчера Груевски порача, и од Централниот комитет порачаа, дека се подготвени на избори, кога и да се случат.

На Република Македонија не и требаат брзи избори. На Република Македонија и требаат фер и демократски избори. Такви избори во нашата држава може да има, ако и само ако Никола Груевски поднесе оставка и биде формирана преодна техничка влада којашто ќе создаде општи услови и атмосефра во нашата држава да бидат одржани фер избори. Не станува збор, во политиката, како мали деца да се фалиме кој од кого е посилен или како е посилен. Социјалдемократскиот Сојуз посакува избори, меѓутоа, не по теркот на Никола Груевски. СДСМ посакува, бара и инсистира на избори коишто ќе ги организира преодна влада со цел, да ја победи оваа политика на Никола Груевски и да оформи легитимна политичка влада во Македонија.

Дел од медиумите најавија бомба за утре и тоа тема ДУИ да биде?

Повторно ќе кажам, за тој тип на активности, знаете и самите дека навремено ја известуваме јавноста, па ќе бидете и вие навремено известени.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби

СДСМ: Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот Роберт Мартиноски и да ја прошири истрагата