Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун повика за двонеделно хуманитарно примирје во Јемен на отворањето на мировните преговори во Женева, наспроти отсуството на делегацијата на бунтовниците.
– Многу е важно да се почитува двонеделното хуманитарно примирје за време на Рамазан, што започнува неделава, истакна Бан по средбата со претставници на јеменската влада во егзил во Саудиска Арабија. Преговорите меѓу двете страни требаше да почнат денеска, но делегацијата на бунтовниците доцни и се очекува да пристигне во текот на денот, се наведува во соопштение на ОН.
Бан Ки-мун, исто така, упати повик за повлекување на вооружените групи од градовите. – Се надевам дека неделава ќе се одбележи почеток на крај на борбите, истакна тој.