Дебакл на филмот за ФИФА во САД

Од:

Филмот за ФИФА „United Passions“ во кој глумат Жерар Депардије, Сем Нил и Тим Рот како Сеп Блатер, доживеал тотално фијаско низ кино салите во САД. Проектот кој со 22,2 милиони долари е спонзориран од Светската фудбалска федерација во американските кино сали заработил само 607 долари.

Филмот започнал да се прикажува само неколку дена по избивањето на големиот корупциски скандал во ФИФА, кога во Цирих швајцарската полиција уапси 14 лица, меѓу кои шестмина високи функционери на оваа организација.

Откако минатата недела филмот доживеа дебакл во кино салите низ Европа (заработка од 190.000 долари), во САД бил прикажуван во девет кино сали, а во една од нив во Феникс, наводно заработил само девет долари!

ФИФА проектот вреден 26,1милиони долари го финансирала со 22,2 милиони, а сценариото лично го одобрил претседателот во заминување Сеп Блатер. Ликот на Блатер во филмот го има познатиот актер Тим Рот, додека Жерар Депардије го глуми третиот претседател на ФИФА и ’таткото на Мундијалите’ Жил Риме.

Без оглед на одличната актерска екипа британски Гардијан филмот го нарекол „чисто кино ѓубре“, а Њујорк Тајмс го означил како еден „од најмалку посакуваните филмови за гледање“.

Инаку генералниот секретар на ФИФА Жером Валке филмот го опишал како „отворен, самокритичен и убав за гледање“, а на сите земји челнки на ФИФА им испратил копија од филмот.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ