Тестот на гигантскиот падобран на Американската вселенска агенција (НАСА), наменет за меко спуштање на вселенските бродови на Марс, вчера заврши без успех на Хавајските острови, пренесува БТА.
Падобранот, закачен на капсула со форма на летечка чинија што неправилно леташе со брзина поголема на звукот, целосно не се отвори во вториот од вкупно трите планирани теста.
Првиот тест на „надзвучниот падобран”, што беше изведен на 28 јуни минатата година пропадна поради негово кршење, а третиот е планиран за 2016 година.
Тестовите се одржуваат во рамки на програмата за испраќање пилотирани вселенски бродови на Марс, разработена од НАСА.