Се чека изјавата на Хан – СДСМ до крајот на денот ќе одлучи дали оди за Брисел

Од:

Лидерот на СДСМ најави дека делегацијата на СДСМ до крајот на денот ќе игради став дали одат или не на праговорите во Брисел. Тој на новинарско прашање дали ќе патува во Брисел, со оглед дека комесарот Јоханес Хан се уште нема дадено изјава како што беше договорено, рече дека треба да се почека до крајот на денот.

-Ние ја очекуваме изјавата зошто во разговорот договоривме дека треба да има лично изјава од Хан, каде што се потенцира на суштината на разговорите но и за изборната измама која беше констатирана во Македонија. Ние ја очекуваме, и согласно со тоа зависно е дали одиме за Брисел, рече Заев.

-Транспарентноста во ова општество, заедно со граѓаните е наша одлика како соопштување на ставовите. Тоа што досега е врамено во таа рамка за преговори кои ќе следуваат е голем успех, но сепак останува најважното прашање, каква влада ќе ге организира изборите, ако тоа не се договори, ништо од потпишаното не важи, рече Заев.

Таму има квалитативи кои земјата треба да ја вратат во нормала, кои ќе ја доведат Македонија да биде нормална земја, но и сепак иако се нефер и нееднакви условите во разговорите, ние преговараме, зашто веруваме во мирно решение на кризата.

Можно е да падне автократски и дикататорски режим без насилство и без насилен пат. За нас е неприфатливо овие избори да ги организира влада од Никола Груевски, и точка, од тоа нема поместување.

Би можело да ве интересира

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

СДСМ: Мицкоски го спаси Трипуновски, а земјоделците ги остави на цедило