По изјавата на Хан најавена за понеделник, СДСМ ќе одлучи дали оди за Брисел

Од:

Попладнето, по барање на еврокомесарот Јоханес Хан, беше остварен телефонски разговор помеѓу него и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Во разговорот, комесарот Хан јасно и прецизно ги потврди наводите на ОБСЕ/ОДИХР за неадекватна раздвоеност на државата од партијата, наводите за заплашувања врз гласачи, медиумска пристрасност во полза на владеачките партии и загриженоста на ЕК околу точноста на Избирачкиот список.

Дополнително, тој ја потенцираше потребата за истрага на содржината на објавените разговори, вклучувајки ги и тие поврзани со изборна измама.

Сето ова е јасно прецизирано и во попладневното соопштение испратено од Европската комисија.

Во телефонскиот разговор, еврокомесарот Хан најави изјава за понеделник, во којашто и лично ќе ги потврди денешните констатации наведени во писмената изјава на Европската комисија.

Од особено значење е што Европската комисија потврди дека на 10-ти јуни во Брисел ќе се одлучува за организирање Влада којашто ќе ги подготви изборите.

Ваквите ставови на еврокомесарот Хан и Европската комисија отвораат можност за одржување на средбата предвидена за 10-ти јуни во Брисел, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација