Англија подготвена да ја преземе организацијата на Мундијалот во 2022 година

Од:

Англија е подготвена и може да биде домаќин на Светското првенство во фудбал, во 2022 година, доколку на Катар му биде одземена веќе доделената организација, изјави британскиот министер за култура, спорт и медиуми, Џон Витингдејл.

Според министерот, Англија располага со сите потребни стадиони и спортски капацитети, како и со се друго што е потребно за една ваква голема спортска манифестација.

Витингдејл во Долниот дом на британскиот Парламент изјави дека малку е веројатно да и се одземе организацијата на Русија, која е определана за домќин на следниот Мундијал, за три години, за кој беше кандидирана и Англија.
Британскиот премиер Дејвид Камерон ја подржа изјавата на својот министер, но рече дека во овој момент е најважно ФИФА да ги прочисти своите редови.
Изјавата на британскиот минстер доаѓа по неочекуваната одлука на Сеп Блатер да се повлече од функцијата претседател, само четири денови откако беше одново избран на таа функција.

Неговото заминување, уште еднаш ги покрена сомнежите за регуларноста на изборот на Катар за домаќин на СП во 2022 година, наспроти кандидатурите на САД, Австралија, Јужна Кореја и Јапонија.

Одлуката за Катар предизвика бурни реакции и гнев во делегацијата на САД во декември 2010 година, кога ФИФА гласаше за оваа мала, земја во Персискиот Залив, без фудбалска традиција, отфрлајќи ги понудите на богатите и развиени противкандидати.

Британските весници, незадовлни што Англија испадна уште во првиот круг од гласањето, не добивјќи подршка ниту од една од европските земји, освен од трите асоцијации на британските острови, веднаш потоа покренаа кампања за испитување на корупцијата во Светската фудбалска федерација.

Весниците во Лондон и сега се најгласни во осудите на Блатер и на раководството на ФИФА, отворено заговарајќи ново гласање за организаторите на следните две Светски првенства и покрај противењето на светската „куќа на фудбалот“ во Цирих.

Како изговор за тоа не е само повлекувањето на Блатер, туку и решението на швајцарските власти да почнат истрага за гласањето во декември 2010, по признанието на Американецот Чак Блејзер, дека прифатил да прими пари за СП во Јужна Африка, одржано пред пет години.

Русија остро реагираше на сите вакви барања, посебно на приговорите од Лондон, додека Катар уште еднаш демантира дека се давани пари за да се гласа за нивната понуда.Катар би бил првата арапска и заливска земја што оранизира еден ваков голем настан, а властите во Доха им порачаа на Англичаните и на претседателот на нивната фудбалска асоцијација, да си ги гледаат своите работи и наместо што заговараат одземање на организацијата на Катар, да почнат да се подготвуваат за првенството.

Според одредбите на ФИФА, не може СП да се одржи на еден ист континент, едно по друго, а тоа значи дека доколку во 2018 година, се игра во Русија, не може следниот Мундијал да биде во Англија.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ