Како денешен десерт подгответе ја оваа кремаста чоколадна торта …
Потребно е:
230 гр путер
350 гр чоколадо за готвење
80 мл врела вода
5 јајца
280 гр шеќер во прав
80 гр брашно
1 лажица мелено кафе
200 гр мелени ореви
2 лажици ликер од чоколадо
1 лажиче прашок за пециво
за глазурата:
300 мл слатка павлака
1 лажица мед
300 гр чоколадо за готвење
250 гр слатко од вишни
Подготовка:
– Округол калап за печење (со дијаметар 28 см) намастете го и потоа обложете го со хартија за печење.
– Во сад на рингла растопете ги путерот, шеќерот и водата. Измешајте и оставете да се излади.
– Одвоите ги белките од жолчките. Белките изматете ги во густ шлаг.
– Жолчките изматете ги со шеќерот во прав, додадете го изладеното растопено чоколадо, оревите, кафето, брашното и прашокот за пециво. Убаво изматете.
– На крај додадете ги ликерот од чоколадо и шлагот од белки и полека измешајте со дрвена лажица.
– Сипете ја смесата во калапот и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 1 час. Печеното тесто оставете го убаво да се излади, а потоа превртете го на чинија за торта.
– На повеќе места избоцкајте го со вилушка и премачкајте го со слатко од вишни.
– Во сад на рингла ставете ја слатката павлака и медот. Загрејте ги до вриење, садот тргнете го на страна и додадете го искршеното чоколадо. Мешајте додека да се растопи чоколадото.
– Потоа полека изматете ја со миксер додека е уште врела. Оставете ја да стои на собна температура околу 30 минути за да се излади и повторно изматете ја со миксер и нанесете ја преку слаткото од вишни.
– Тортата ставете ја во фрижидер и оставете ја убаво да се излади пред да ја послужите.