Во САД се води истрага дали е внесен антракс во Пентагон

Од:

Министерството за одбрана на САД спроведува истрага за тоа дали во зградата на Пентагон е внесен антракс, наведува Си-Ен-Ен.

Минатата недела беше откриено дека примероци на антракс по грешка биле испратени во 11 американски држави и уште две држави. Весникот Ју-Ес-Еј-Тудеј објави вчера дека американска воена лабораторија испратила примероци на жив антракс и во три лаборатории во Канада.

Пентагон не објави дали антраксот е внесен во зградата или околу неа, ниту колкав би бил евентуалниот проблем за американските граѓани. Досега само една лабораторија во Мериленд пријави дека примиле живи спори на антракс, а Пентагон и Центарот за контрола и превенција на болести се обидуваат да откријат дали жив антракс е испратен и во други установи.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија