Пеле: ФИФА треба да ја водат чесни луѓе

Од:

Поранешната бразилската фудбалска ѕвезда, Пеле изјави дека Светскиот фудбал и ФИФА треба да ги водат чесни луѓе.

Изјавата на „фудбалската легенда“ доаѓа по бурните случувања во изминатите седум дена во седиштето на Светската фудбалска федерација.

Седум поранешни и сегашни функционери на ФИФА беа уапсени за корупција, а 14 други беа обвинети за рекетирање и перење пари, преку американските банки. Апсењата беа извршени на барање на американското ФБИ, откако државниот обвинител на САД покрена истрага за корупција во „куќата на фудбалот“ во Цирих.

Избувнувањето на скандалот се случи на само два дена пред Конгресот на ФИФА на кој требаше да се избере нов претседател со четиригодишен мандат. Главен фаворит и овој пат беше Сеп Блатер, врз кого претходно се вршеше притисок да ја повлече кандидатурата.

На неговиот избор се спротивстави само УЕФА, а нејзниот претседател Мишел Платини побара Блатер да поднесе оставка.

Блатер беше одново избран, откако доби 133 гласа (за победа во првиот круг му требаа 140), а втор круг не се одржа, затоа што противкандидатот, јорданскиот принц Али Бин ал Хусеин, се повлече, кога виде дека нема никакви шанси да победи, подржан само од европските делегати и оние од Блискиот Исток и САД.

Само пет дена по повторниот избор, Блатер објави дека се повлекува од претседателската функција.

Во интервју за Би-Би-Си, Пеле вели дека после сите овие случувања, Светската фудбалска федерација треба да им се предаде на луѓе во кои сите ќе имаат доверба.

Но, прославениот Бразилец вели дека сака да зборува само како некогашен фудбалер, па затоа заговара смирување на сегашната криза во светскиот фудбал.

– Сакам да видам како фудбалот ги обединува луѓето, изјави Пеле.

Тој им порача на сите во овој популарен спорт дека треба да се „прекине војната“ што сега се води, мислејќи притоа на отворениот судир меѓу УЕФА и ФИФА, како и меѓу Европската фубалска федерација, наспроти оние од Африка, Азија и Јужна Америка, што беше манифестиран на последниот Конгрес и при гласањеето за нов претседател.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ