Апел до гевгеличани за превенција од пожари

Од:

Претставниците на територијалната противпожарна единица од Гевгелија, Регионалниот центар за управување со кризи, Шумското стопанство „Кожуф“ и други надлежни субјекти за заштита од пожар, денеска во пресрет на летната сезона и почетокот на жетвените работи, упатија апел до граѓаните на општините Гевгелија, Богданци и Дојран за нивна зголемена будност и внимателност при движее во шумите и на отворен простор и при обавувањето на земјоделските работи.

Заради превенција од пожари, предизвикување на општа опасност и загрозување на животот, здравјето и имотот на граѓаните се апелира да не се фрлаат догорчиња од цигари, да не се пали оган на отворено и да не се палат стрништа, плевел и отпадоци заради придонес во зачувувањето на природното богатство еко системот.

Покрај упатениот апел до граѓаните, надлежните субјекти извршија увид во своите оперативни планови за заштита од пожар, на нивната подготвеност за локализирање и гаснење на пожари, како и на нивната материјално техничка подготвеност пред почетокот на летната сезона.

Би можело да ве интересира

Локализиран е пожарот во близина на Римскиот аквадукт кај Скопје, при гаснењето дошло до инцидент, па реагирала и полицијата

Горан Наумовски

ЦУК: Со денови гори букова шума на Кожуф

ЦУК: Пламна голем пожар во атарот на скопското село Батинци

Горат шуми кај скопските села Виниче и Зелениково, како и на планината Кожуф

ЦУК: Активни се четири пожари, два се под контрола

ЦУК: Активни се пет пожари, еден е под контрола