Меки переци со пиво

Од:

За сите кои што сакаат да работат со тесто …

Потребно е:
за тестото:
330 мл пиво
650 гр брашно
1 лажиче сув квасец
1 лажиче сода бикарбона
2 лажици шеќер
5 лажици истопен путер
2 лажичиња сол

за варење на переците:
1,5 л вода
100 гр сода бикарбона

1 јајце, за премачкување
мешавина од морска сол и бибер, за посипување

Подготовка:
– Во еден подлабок сад ставете ги брашното, сол, шеќер, квасец, сода бикарбона, путери на крај сипете го пивото (на собна температура). Со миксер замесете тесто, а потоа ставете го на набрашнета маса и домесете го со раце. Вратете го во садот, покријте го со пластична фолија и оставете го да стои околу 1 час на топло место за да нарасне.

– Стасаното тесто нежно премесете го и потоа поделете го на 8 делови. Секој дел развлечете го како ролат со должина околу 50 см и обликувајте ги переците.

Меки переци со пиво1

– Во тенџере на рингла ставете да се вари вода со сода бикарбона во неа. Кога ќе почне да врие водата ставете го да се вари првиот перек. Варете го 40-тина секунди со превртување од двете страни, а потоа со решеткаста лажица извадете го и ставете го на кујнска хартија да се исцеди. Истото направете го со другите переци.

– Тавата за печење обложете ја со хартија за печење. На неа наредете ги исцедените переци.

– Премачкајте ги со разматено јајце и посипете ги со мешавина на морска сол и бибер.

– Ставете да се печат во загреана рерна на 220 целзиусови степени 15-16 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска