Европската унија не размислува за бојкот на Мундијалот во Русија

Од:

Европската унија не размислува за бојкот на Светското фудбалско првенство кое во 2018 година треба да се одржи во Русија, изјавил висок претставник на Европската комисија (ЕК).

– Таа опција воопшто не се разгледува, изјавил неименуван претставник на ЕК во Брисел, а пренесоа руските медиуми.

Портпаролот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), пред точно два месеци (2 април) ја отфрли иницијативата на тринаесетмина американски сенатори, на Русија да и се одземе можноста да биде домаќин на најголемиот светски фудбалски собир, Мундијалот во 2018 година.

Според ФИФА, бојкотот на спортските манифестации и политиката на изолација, не спаѓаат во најефикасните мерки на решавање на проблемите.

Во меѓувреме реизборот на Сеп Блатер на претседателската позиција на ФИФА со мандат до 2019 година, и покрај корупцискиот скандал и апсењето на седуммина функционери на ФИФА, се гаранција дека светската фудбалска организација нема да отстапи од зацртаната политика и веќе изгласаното, Русија и Катар да бидат домаќини на шампионатите во 2018-та и 2022-ра година.

Инаку, Светското фудбалско првенство во Русија е предвидено да се одржи во периодот од 14 јуни до 15 јули 2018 година, на дванаесет стадиони во 11 градови, меѓу нив, Москва, Казан, Санкт Петерсбургт и олимпискиот Сочи.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ