На почетокот на кариерата, сега 66 годишната актерка признава дека тешко се пробивала во Холивуд. За да успее, секој ден одела на аудиции. Актерката открива дека продуцентите ја искористувале кога имала 20 години.
„Бев непозната и во потрага по работа. Се однесуваа кон мене како кон ѓубре. Беа одвратни и лигави“, изјави актерката во интервјуто за магазинот „Ел“.
Таа ја раскажа непријатната случка од малдоста кога сексуално била напаствувана во канцеларијата на еден продуцент. Мажот скокнал на неа само што влегла во канцеларија, се фрлил на неа и и ја соблекол облеката.
„Се чувствував немоќно и јадно. Не знаев што да направам“, рече актерката.