За сите љубители на парени слатки …
Потребно е:
500 гр дебели кори за пита
100 гр чоколадо во прав
200 гр мелени ореви
300 гр мелени бисквити
200 мл кисело млеко
300 гр шеќер
300 мл масло
3 јајца
300 мл газирана минерална вода
1 прашок за пециво
за преливот:
1 лимон
700 гр шеќер
800 мл вода
20 гр ванилин шеќер
Подготовка:
– Во еден сад соединете ги бисквитите, оревите, чоколадото во прав, киселото млеко, шеќерот, прашокот за пециво, јајцата, маслото и газирана минерална вода.
– Тавата за печење со димензии 25х40 см премачкајте ја со масло. Загрејте ја рерната на 200 целзиусови степени.
– На дното на тавата ставете две кори една преку друга, потоа нанесете од филот. Над филот ставете кора и повторно од филот. Сега пак кора и повторно фил. Истата постапка повторувајте ја додека не го потрошите целиот материјал.
– Целата постапка завршете ја со две кори на кој нема да ставите фил.
– Вака подготвената баклава исечете ја на коцки и ставете да се пече во загреана рерна. Печете ја 40-тина минути, додека убаво не порумени. Печената баклава оставете ја убаво да се излади.
– Во меѓувреме направете го преливот. Во сад на рингла ставете ги сите состојки за баклавата. Лимонот исечете го на тркалца. Од моментот кога ќе почне да врие, варете го 5 минути и тргнете го од рингла.
– Со врел прелив прелијте ја зладената баклава. Оставете баклавата да го впие преливот, секоја коцка исечете ја на два тријаголника и послужете.