ВМРО-ДПМНЕ: Имотот на сите наши функционери е јавно објавен и пријавен

Од:

ВМРО-ДПМНЕ вечерва преку соопштение реагираше на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, на која тој објави нови прислушувани разговори што се однесуваат на наводно купување станови.

– Денешниов прес е само начин да се отргне вниманието од вистинските скандали на раководството на СДСМ кои се документирани и поткрепени и за кои постојат сериозни основи за недоследност и противправност. Не може Шилегов, кој само пред дваесет дена, навредуваше храбри полицајци во Куманово, кој лично одлучувал за стотици тендери на владата на СДСМ, кој вели дека има милион евра, да ја замајува јавноста и да не го бара клучниот одговор, а тоа е како ти Заев направи богатство од 25 милиони евра. Од кај ви се парите да купувате луксузни викендици во Грција на прва линија на море во вредност од стотици илјади евра, како Шекеринска има 5 стана која сама на себе ги издава и како секој ден во шаторите доаѓате со возен парк од џипови, поршиња, корвети, мерцедеси и друг луксуз од над 2 милиони евра, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Целокупниот имот на сите функционери од ВМРО-ДПМНЕ, се додава, е јавно објавен на транспарентен начин и доследно пријавен во надлежните институции.

Би можело да ве интересира

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија