Пет лица загинаа, а осум се повредени при напад на бомбаш-самоубиец врз контролен пункт во близина на либискиот град Мисрата. Одговорноста за нападот ја презеде екстремистичката група Исламска држава.
Напаѓачот со автомобил наполнет со експлозивот удрил врз главниот контролен пункт западно од Мисрата, на автопатот за Триполи. Од експлозијата оштетени се неколку возила и продавници.
ИД на Твитер ја презеде одговорноста за нападот.