Меки, вкусни и едноставно се топат во уста …
Потребно е:
200 мл кефир
200 мл топло млеко
20 гр свеж квасец
1 лажиче шеќер
1 лажиче сол
2 јајца
800 гр брашно
50 мл масло
1 јајце
сусам
Подготовка:
– Во топлото млеко издробете го квасецот, додадете го шеќерот и оставете го на топло да нарасне.
– Во подлабок сад ставете го брашното, потоа додадете ги солта, кефирот, јајцата, маслото и стасаниот квасец. Замесете тесто. Тестото вратете го во садот, покријте го со пластична фолија и оставете го на топло место околу 1 час да нарасне.
– Стасаното тесто ставете го на набрашнета маса и уште малку месете го.
– Поделете го на 8 делови. Секој дел повторно измесете го и обликувајте ги како земички.
– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење и оставете ги да стојат во тавата 15-тина минути.
– Земеичките премачкајте ги со разматено јајце и посипете ги со сусам.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути, додека убаво не поруменат.